Почитувани корисници,
За непречено следење
на содржините на
MyHomeTV потребно е да ги следите инструкциите кои се наведени подолу:
-
Регистрација
- Real Player
- Совети и препораки за зголемување
на квалитетот на сигналот
- Совети и препораки за непречено следење на филмовите/концертите
- Упатство за поврзување на лаптоп/РС со телевизор
1.
Регистрација
Ве молиме да ги пополните
сите неопходни полиња кои што се потребни за Вашата регистрација.
Информациите кои што
ке бидат оставени од Ваша страна нема да бидат користени во маркетиншки цели и ке
бидат наменети за интерна употреба т.е. ке ни овозмозат подобро планирање на насите
ресурси.
Покрај задолжителните
информации изберете ја и временската зона во која што живеете. Веке при следната
посета на нашата страна автоматски ке Ви бидат предложени две опции, следење
на програмата “Во Живо” или пак по Ваше локално време.
2. Real Player
Инсталацијата на Real
Player апликацијата на Вашиот персонален компјутер е неопходна за да може да ги
следите нашите програми. Доколку немате инсталирано Real Player бесплатната верзија
може да ја преземете од Овде:
Во одредени случаи,
подесувањата на Real Player може да доведат до замрзнување на сликата и сецкање.
За да ги избегнете овие проблеми подесете го на следниов начин:
Изберете го менито за конфигурација:
Доколку менито не
е видливо, постапете на следниот начин:
Во прозорчето за подесување
на брзината поставете ги следниве параметри:
3. Неколку совети и препораки кои би го зголемиле квалитетот на сигналот:
- Не користете WiFi, туку директна врска. Во одредени случаи
WiFi уредите прават проблеми со квалитетот на сигналот.
- Доколку и понатаму имате проблем, ресетирајте го Вашиот DSL/кабловски
модем.
4. Неколку совети и препораки за непречено следење на филмовите и концертите:
- Инсталирајте понова верзија на Windows Media Player 10/11.
- Пробајте на линкот "Гледај" со десното копче на маусот да направите
"Copy Shortcut" или "Copy Link Location" и потоа во Media Player одберете
File--> Open URL и paste на линкот. Потоа пробајте дали можеби ќе успеете да
го гледате филмот/концертот.
- Некои корисници ги решија своите проблеми со гледањето на филмовите/концертите
со инсталирање на Real Player 10 classic.
5. Упатство за поврзување на Вашиот лаптоп/РС со Вашиот телевизор:
- За да го поврзете Вашиот компјутер со телевизор, потребно е компјутерот да има Video Out. Доколку имате постар компјутер, тој излез се наоѓа на графичката картичка и е најчесто S-Video. Истата ќе треба со S-Video кабел да ја поврзете со Вашиот телевизор. S-Video кабел можете да купите во секоја продавница за ТВ опрема. Во зависност од тоа каков е влезот на Вашиот ТВ, ќе треба да одберете соодветен S-Video кабел.Најчесто тоа е S-Video со излез во 3 PIN-ови. За да видите кои се алтернативните начини, можете да го погледнете следново видео:Гледај
ПРЕПОРАКА:
Квалитетот на сликата директно зависи од брзината на Вашата
интернет конекција. Минималната download брзина која треба да ја имате е 1024Kbps.
Најчесто рекламираната брзина на вашата Интернет конекција
е различна од реалната. Ви препорачуваме, брзината на Вашата интернет конекција
да ја проверите директно кон нашите сервери
Ви препорачуваме користење на Mozilla Firefox како Ваш интернет browser, кој бесплатно можете да го превземете овде
Воедно би сакале да Ви напоменеме
дека поради големите загуби
на брзината кои се случуваат при користење на бежичниот интернет наша препорака
е да користите директна конекција.
Со почит, Ваши